Достапни линкови

Поделени мислења на членките на ЕУ за скенери на аеродромите


Членките на Европската Унија се со поделни мислења околу воведувањето на скенери за преглед на целото тело на патниците на аеродромите, бидејќи некои земји негираа дека тие се потребни. Италија им се придружи на САД, Британија и Холандија кои најавија воведување на скенерите, откако еден нигериец се обиде да изврши терористички напад на американски авион, кој леташе од Амстредам кон Детроит. Европските експерти за безбедност на аеродромите се состанаа денеска да разговараат за тоа прашање.
XS
SM
MD
LG