Достапни линкови

Попов - најдобар македонски фудбалски интернационалец


Момент од натпреварот меѓу Македoнија и Шпанија

Момент од натпреварот меѓу Македoнија и Шпанија

Горан Попов е најдобриот македонски фудбалски интернационалец во 2009 - та година. Тој до ова признание дојде благодарение на квалитетните игри во холандскиот Херенвен, каде што е стандарден првотимец, но и преку настапите во нашата најдобра репрезентација.

Горан Попов е најдобриот македонски фудбалски интернационалец во 2009 - та година. Тој до ова признание дојде благодарение на квалитетните игри во холандскиот Херенвен, каде што е стандарден првотимец, но и преку настапите во нашата најдобра репрезентација. Тие настапи не останаа незабележани од најповиканите во домашниот фудбал, кои му го доделија ценетиот трофеј, кој за него претставува:
Голема мотивација за понатаму во мојата фудбалска кариера и мислам дека секој играч го посакува ова признание и посакувам да продолжам со исто темпо како и до сега


,,Голема мотивација за понатаму во мојата фудбалска кариера и мислам дека секој играч го посакува ова признание и посакувам да продолжам со исто темпо како и до сега."

Изјави Попов. Тој се надева дека овој личен успех, во иднина ќе му донесе и многу подобри резултати во репрезентативниот дрес. Поточно, верува дека националниот тим ќе напредува во светски рамки и ако не повеќе тогаш барем за едно скалило ќе го надмине досегашното судбинско четврто место во квалификациите. Според фудбалерот кој кариерата ја започна во Беласица, Македонија има потенцијал за такво нешто, а она што недостасува, покрај спортската среќа, е физичката подготвеност.

,,Сите можат да видат дека имаме голем потенцијал, можеме да направиме бум, ни требаат подготовки на физички план, мислам дека тоа
Сите можат да видат дека имаме голем потенцијал, можеме да направиме бум, ни требаат подготовки на физички план, мислам дека тоа ни недостасува, да бидеме подготвени како секој професионалец, но и тоа ќе си дојде
ни недостасува, да бидеме подготвени како секој професионалец, но и тоа ќе си дојде. Еве селекторот направи некои промени, и видовте дека има успеси."

Додаде левиот бек, кој позитивните резултати на црвено – жолтите ги очекува веќе од септември. Тогаш ќе започнат квалификациите за ЕП во Украина и Полска, а во нив, според Попов, најзначајно ќе биде да се стартува со победа. Сепак, до тие искушенија има доста време, а во овој момент во преден план на нашиот интернационалец му е клупската кариера. За неа има најави дека ќе оди по уште понагорна линија, бидејќи пореномирани клубови сакаат да го ангажираат. Барем засега, тоа не може да се реализира поради договорот со Херенвен, кој има важност уште 2,5 години. Но, струмичанецот се надева дека налето ќе му се исполни желбата да ја промени средината.

,,Од Германија, има понуди и од Англија, ме гледаа последните неколку натпревари за фудбалската репрезентација, јас би сакал да одам, но треба да одлучи мојот клуб."
Истакна на крајот Горан Попов, кој во досегашната интернационална кариера беше член и на клубови од Србија, Грција и Полска.
XS
SM
MD
LG