Достапни линкови

Иранскиот суд ќе им суди на 5 опозициски демонстранти


Во Иран ќе започне судскиот процес на 5 луѓе, кои беа уапсени за време на опозициските протести во минатиот месец. Тие ќе бидат обвинети за мохареб, што значи непријатели на господ, а доколку бидат осудени ќе добијат смртна казна. Свештениците и властите го повикаа судот да ги казни опозиционите лидери за мохареб и за иницирање на насилство во земјата. Демонстраците започнаа во Иран по спорните претседателски избори во јуни, во кои животот го загубија 8 луѓе.
XS
SM
MD
LG