Достапни линкови

7 мртви во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан


Во самоубиствен бомбашки напад на еден пазар во покраината Гардез во Авганистан животот го загубија најмалку 7 луѓе, а повредени се 24, соопштија официјалните локални лица. Целта на нападот биле авганистанските безбедносни сили. Меѓу загинатите се наоѓа и командирот на соседната покраина Логар и неколку негови телохранители.
XS
SM
MD
LG