Достапни линкови

Поплави во Сараево од поројните дождови


Градоначалникот на Сараево, Алија Бехмен побара помош од армијата, поради големите поплави во неколку населби во главниот град на Босна и Херцеговина. Жителите на Осиек се целосно изолирани, а во тешка ситуација се наоѓаат уште три населби. По поројните дождови и во општината Чапљина е објавен прв степен на заштита од поплави. Во природниот парк Хутово блато нивото на водата достигна до 472 сантиметри.
XS
SM
MD
LG