Достапни линкови

2 војници мртви во две експлозии во Тајланд


Тајландската полиција соопшти дека муслиманските бунтовници поставиле две бомби покрај патот во покраината Џала, пред посетата на премиерот на регионот. Првата експлозија се случила на 300 метри одалеченост од местото каде што се наоѓал премиерот во која еден војник беше убиен, а 3 полицајци повредени во нападот. Еден саат подоцна во втората експлозија во друг дел на покраината, животот го загуби уште еден војник. Џала е една од трите покраини во Тајланд, во која при нападите на исламските бунтовници во јануари 2004 година, беа убиени 4000 луѓе.
XS
SM
MD
LG