Достапни линкови

logo-print

Судир на полицијата и демонстрантите во Египет


Египетската полиција се судрила со демонстрантите во јужниот град Наг Хамади, по убиството на 7 луѓе пред Коптската црква. Безбедносните официјални лица соопштија дека и роднините на жртвите биле дел од протестите, кои демолирале едно амбулатно возило, бидејќи бараат болницата да им ги предаде телата на убиените за да ги погребаат. Шест коптски христијани и еден муслимански полицаец беа убиени во претсрелката по Божиќната миса во црквата.
XS
SM
MD
LG