Достапни линкови

СБ на ОН на 22 јануари ќе расправа за Косово


Советот за безбедност на Обединетите нации ќе расправа за ситуацијата на Косово на седница која ќе се одржи на 22 јануари, соопшти претставник на Кина, која овој месец го презеде претседавањето со Советот. На седницата ќе биде разгледан извештајот на шефот на мисијата на ОН на Косово Ламберт Заниери. Претходната седница на Советот, посветена за Косово беше одржана на 15 октомври минатата година и на неа беше разгледан извештајот на генералниот секретар Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG