Достапни линкови

Кина: бездомници ако плукаат на улица


Властите во кинескиот град Гуангжу почнаа да спроведуваат нови правила за да ја одржат чистотата во градот. На оние што нема да ги спроведат им се заканува протерување од нивните домови. Според новите правила, несовесните и вулгарни навики како што се фрлањето остатоци на овошје, опушоци на цигари, уринирање и плукање на улица, како и нелегалното паркирање или сушење алишта на огради носат казнени бодови. Секој што за две години ќе добие над 20 бодови ќе биде протеран од својот дом. Градските власти велат дека целта на новите прописи е создавање цивилизирана и хигиенска заедничка животна средина.
XS
SM
MD
LG