Достапни линкови

logo-print

Ал Каеда одговорна за убиството на 7 агенти на ЦИА


Авганистанскиот огранок на Ал Каеда ја презеде одговорноста за минатонеделниот напад врз американска база во провинцијата Хост во кој еден бомбаш самоубиец уби седум агенти на ЦИА. Мустафа Абул Јазид, водачот на Ал Каеда во Авганистан, изјави дека нападот бил одмазда за американските напади со беспилотни летала во Пакистан. Нападот, според разузнавачки извори, го извршил еден јордански двоен агент, кој првично бил регрутиран од јорданската разузнавачка за да се обиде да инфилтрира во Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG