Достапни линкови

Обвинение за напаѓачот на американскиот авион


Судот во Мичиген одобрил да се подигне обвинение против човекот кој на 25 декември(Католички Божиќ) се обиде да изврши бомбашки напад врз американски патнички авион. Во обвинението се наведува меѓу другото дека Фарук Абдулмуталаб се товари и за обид за убиство на 300 луѓе кои се наоѓале во авионот. Тој се соочува со доживотна казна затвор ,ако биде осуден. Човекот се обидел да активира експлозив за време на летот на американски авион кој летал од Амстердам кон Детроит .Но не успеал во тоа. Потоа човекот кој по потекло е од Нигерија е уапсен. Инцидентот предизвика криза во американската служба за безбедност.
XS
SM
MD
LG