Достапни линкови

logo-print

1 мртов во судир на египетски граничари со палестинци


Египетската гранична служба се судри денеска со група палестинци на границата со Газа. Во инцидентот животот го загуби еден граничар, а повредени се неколку палестинци. Египетските власти соопштија дека палестинците го застрелале граничарот, а неколку негови колеги се повредени, бидејќи палестнците фрлале камења врз нив. Денешното насилство е по синоќешните судири на меѓународните про-Газа активисти и на египетските безбедносни сили, бидејќи Египет не дозволи еден конвој со помош да влезе на нивната територија, наменет за појасот Газа, кој го контролира Хамас.
XS
SM
MD
LG