Достапни линкови

Македонската музика против музичкиот шунд


Музички бенд

Музички бенд

Македонската музичка сцена се поуспешно се соочува со конкуренцијата од север, и се позначајно го промовира етно рокот и мелосот како композиторска инспирација. Сепак требаше најмалку една деценија да се парира на турбофолкот и музичкиот шунд, велат музичките експерти.

Скопје новогодишно преплавено со билборди,но доминантни на увезените фолк звезди. За Василица е најавен концерт на македонските забавни евергрини. Во познатите кафулиња микс од светски хитови, тивок џез или најновиот тренд на етнопоп. Навечер кафеаните со кариоке шоу на турбо фолк и носталгични југо ноти. Во овој дијапазон се движи естрадната понуда и конкуренцијата меѓу турбо фолкот, етно-мелосот, македонските, но и европските поп акорди. Македонската музичка сцена се поуспешно се соочува со конкуренцијата од
Уште во почетокот на 90-тите години како уредник во Македонското радио се соочивме со проблемот на пенетрацијата на новосоздадената песна претежно со српско потекло и во Македонското радио тогаш изградивме еден став дека на таквата состојба може да се одговори само со квалитетна продукција од внатре
север, и се позначајно го промовира етно рокот и мелосот како композиторска инспирација. Сепак требаше најмалку една деценија да се парира на турбофолкот и музичкиот шунд увезен како југоносталгија, вели музикологот Марко Коловски:

,,Уште во почетокот на 90-тите години како уредник во Македонското радио се соочивме со проблемот на пенетрацијата на новосоздадената песна претежно со српско потекло и во Македонското радио тогаш изградивме еден став дека на таквата состојба може да се одговори само со квалитетна продукција од внатре."

За разлика од Коловски, Гаро Тавитијан, кој деновиве со семејното трио го промовираа новиот албум оценува дека македонската музика станува дел од европските нови вредности:

,,Македонската музика воопшто не е потценета, каде и да оди секој македонски изведувач и музичар се гордее со нашата култура и музика, впрочем тоа го докажавме ние со последниот проект на кој ги поканивме едни од најдобрите балкански пеачи и сите прифатија на учестуваат, токму поради таа македонска традиционална песна."

Убеден е Тавитјан. Поп легендата Влатко Стефановски кој три децении владее со балканските и европски сцени и кој деновиве повтороно со триото ќе биде меѓу скопската публика на плоштадот, вели:

,,Напливот на тој вид музика се должи на долгогодишната изолација која ја живеевме, мислам и на шенгенските бариери и на сите тие
Напливот на тој вид музика се должи на долгогодишната изолација која ја живеевме, мислам и на шенгенските бариери и на сите тие економски кризи, ембарга, војни кои што се водеа на Балканот
економски кризи, ембарга, војни кои што се водеа на Балканот, доведоа до ова ниво културните и естетските потреби да се прилично ниски."

,,За жал последниве години имаме состојба во која што македонската новосоздадена песна на извесен начин малаксува."

Оценува и радио критичарот Коловски. Професорот на музичката академија за народни дувачки инструменти Марјан Јанковски се присетува на децениската соработка со Тоше Проески кој подеднакво владееше и ги сакаше трите жанрови на интерпретациите од народна, класична, па до поп музиката:

,,Што направи Тоше? Кога искрено го сакаш фолклорот, кога искрено ги сакаш народните инструменти, кога искрено ја сакаш таа традиција, таа се препознава преку гласот и преку било која уметничка дејност, таа се чувствува."

,,Доколку им понудите на луѓето вистински квалитет и вистински вредности, верувајте ќе се определат за вистинското. Нема да сакаат сурогат или фалсификат."

Велат професорот музиколог Јанковски и музичката легенда Стефановски.
XS
SM
MD
LG