Достапни линкови

Живот на село


Младите кумановци Синиша и Силвана одбрале наместо да ги користат градските удобности, да живеат во селото Алгуља, на околу 26 километри одалеченост од Куманово, на границата со Србија. Успешно се занимаваат со сточарство и велат не планираат да се селат в град.

Синиша (35) и Силвана(31) и нивните три деца се дел од семејството Трајковиќ од пограничното село Алгуња, маалото Татариновац, кои егзистираат од сточарство. Нивната определба за одгледување добиток не била само неопходна потреба, туку и многу љубов кон добитокот. Тие имаат стадо од 80 овци и 40 репродуктивни свињи, за кои неодамна добиле модерна опрема увезена од Германија, за која преку Агенцијата за финансика подршка за рурален развој и помош на младите фармери вложиле 600 илјади денари.
Пласманот не е обезбеден. Како ќе се снајдеш. Ќе продадеш, а не можеш да наплатиш. Тешко е, ама може и мора да се егзистира


,,Нашата обврска е опремата да не ја продаваме или дислоцираме наредните пет години. Во меѓувреме ќе имаме контрола. Задоволни сме затоа што оваа современа опрема самите не би можеле да си ја обезбедиме. Со оваа опрема ќе имаме подобра продукција, подобри услови за работа, хигиена на повисоко ниво, поздрави прасиња и помалку време ќе ни треба за нив."

Раскажува Синиша, кој вели дека сите останати потреби за одлгедување на добитокот, храната, лекувањето и пласманот се нивна обврска.

,,Пласманот не е обезбеден. Како ќе се снајдеш. Ќе продадеш, а не можеш да наплатиш. Тешко е, ама може и мора да се егзистира."

Вели Синиша. Неговата сопруга Силвана (31) која освен што заедно со Синиша се грижи за добитокот, таа ги извршува и домашните
Има пат изграден од Општината Старо Нагоричино и европска донација. Чист воздух и убава природа особено на пролет. А рецептот за добар живот е љубовта, здравата храна и чистиот воздух
работи, но ги воспитува и трите малолетни деца. На Ангела (11) и Емилија (9) им помага во завршување на домашните задачи, а со Марко (5) наоѓа време и да изигра некоја игра на компјутер. Или пак, да се информира за новостите преку интернет. Таа потекнува од Куманово, но бранот на љубовта ја однел во ова село на 26 километри од Куманово, на самата гранична линија со Србија.

,,Кога требаше да дојдам тука на почетокот ми беше многу тешко. Ама не ми беше важно каде ќе бидам и што ќе работам, најважен ми беше човекот со кого ќе живеам. И не ми е срам, бидејќи живеам со љубов."

Силвана вели дека веќе пет години имаат асфалтиран пат, превоз до градот и додава:

,,Има пат изграден од Општината Старо Нагоричино и европска донација. Чист воздух и убава природа особено на пролет. А рецептот за добар живот е љубовта, здравата храна и чистиот воздух."

Деновите на семејството Трајковиќ низ работа, смеа, тешкотии, љубов и разбирање им минуваат заедно и сложно на три генерации. Семејството на Силвана и Синиша, неговите родители и братот Љубиша со неговото семејство. Затоа, Синиша вели дека токму тие се подготвени освен со сточарство да се занимаваат и со туризам. Можеме да изградиме објекти и да ги опремиме за пречек не само на домашните, туку и на странските посетители,зашто овдека е прекрасно и секој би се чувствувал пријатно, вели Синиша, кој сите новини ги следи преку интернет.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG