Достапни линкови

Јемен не сака помош од странски војници за екстремистите


Јеменскиот министер за надворешни работи Абу Ал Џирби соопшти денеска дека неговата земја не сака САД или други странски земји да и помагаат во борбата против екстремистите, бидејќи директната интервенција ги компликува нештата. Американската војска ги тренира јеменските контраразузнавачки служби. Џирби изјави дека тие се добредојдени се додека не учествуваат во други активности, бидејќи чуствително е прашањето за доаѓање на странски војници на јеменската територија.
XS
SM
MD
LG