Достапни линкови

Вацлав Хавел протестираше за слобода на Ксиаобо


Поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел денеска протестираше пред кинеската амбасада во Прага, против затворањето на водечкиот кинески десидент Лиу Ксиаобо. Тој заедно со уште двајца десиденти од комунистичката ера Павел Ландовски и Вацлав Мали предадоа писмо во Амбасадата со кое протестираат за одлуката на судот во Пекинг, кој му изрече 11 години затворска казна на
Ксиаобо, поради потикнување за уривање на државниот поредок. Хавел бара кинеските власти да престанат да ги апсат активистите за човекови права.
XS
SM
MD
LG