Достапни линкови

Започна продажбата на акции на хидроцентрала во Таџикистан


Таџикистанските власти денеска започнаа со продавањето на акциите на хидроцентралата Рогхун со цел да го зголемат интересот за инвестирање, бидејќи тие неможат да ја финансираат нејзината изградба. Претседателот Емомали Рамон вчера ги повика граѓаните да купуваат акции во хидроцентралата, кои во просек заработуваат по 70 долари месечно. Поранешните лидери на земјата бараа од граѓаните за изградбата на електраната да донираат пари од нивната плата.
XS
SM
MD
LG