Достапни линкови

Белорусија не отстапува од својот став за снабдувањето со нафта


Белорусија инсистира Русија и натаму да дава милијарди долари за нафтените субвениции, што дополнително ги компликува преговорите за решавање на меѓусебниот спор. Русија месецов на кратко го прекина снабдувањето со нафта до Белорусија, поради несогласувањата околу цените на нафтата. Белоруските власти соопштија дека и натаму остануваат на својот став, да не плаќаат царина за увозот на руската нафта и да ги задржат субвенциите од 50 милиони долари, кои ги добиваат со продажбата на рафинираните нафтени продукти.
XS
SM
MD
LG