Достапни линкови

logo-print

Обама: разузнавачите потфрлија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека разузнавачките агенции во земјата имале доволно информации да го спречат обидот за терористички напад во американскиот авион на Божиќ. Но, како што додаде, агенциите не успеале да ги поврзат. Тоа, според него, е неуспех што нема да се толерира.

Американските разузнавачки агенции и покрај доволните информации дека се подготвува терористички напад, според претседателот Барак Обама, не успеале да ја сфатат сериозноста на ситуацијата.

,,Со други зборови, тоа не беше неуспех во собирањето разузнавачки информации. Станува збор за неуспех да се интегрираат и да се разберат разузнавачките информации кои веќе ги имавме.,,

Изјави Обама, додавајќи дека тоа е неприфатливо и оти постои нулта толеранција за таквите грешки.

,,Ќе прифатам дека разузнавчаките информации, по својата природа се несовршени, но повеќе од јасно е дека тие не биле целосно анализирани.,,

На 25 декември нигериецот Умар Фарук Абдулмуталаб се обиде да предизвика експлозија во авион пред неговото слетување во Детроит, но тоа беше спречено од патниците, по што тој беше уапсен.
Кога еден осомничен терорист е во состојба со експлозиви на Божиќ да се качи во авион, системот не успеал и тоа на потенцијално катастрофален начин. Моја одговорност е да откријам зошто до тоа дојде со цел да ги спречиме таквите напади во иднина..


По инцидентот, Обама нареди построга контрола на аеродромите и испитување на можните слабости во безбедносните процедури. Обама вчера во Белата Куќа одржа состанок со шефовите на дваесетина американски агенции за ризиците на американската национална безбедност.

,,Ги повикав овие лидери во Белата Куќа, бидејќи се соочуваме со најголема итност. Како што видовме на Божиќ, Ал Каеда и нејзините екстремистички сојузници нема да запрат пред ништо во нивните напори да убиваат американци.,,

Но, како што додаде, Соединетите држави се решени, не само да ги попречат овие планови, туку и да ги поразат терористичките мрежи. Обама, исто така, вети дека во наредните денови јавно ќе ги објави резултатите од испитувањето на безбедносните процедури и најави нови безбедносни мерки.

,,Кога еден осомничен терорист е во состојба со експлозиви на Божиќ да се качи во авион, системот не успеал и тоа на потенцијално катастрофален начин. Моја одговорност е да откријам зошто до тоа дојде со цел да ги спречиме таквите напади во иднина.,,

Обама ги отфрли барањата од некои кругови да ја преиспита својата одлука од минатиот јануари за затворање на американскиот притворен центар во Гвантанамо. Имено, според наводите, шестмина затвореници од Гвантанамо биле вратени во Јемен, земјата во која оперира групата поврзана со Ал Каеда, а која ја презеде одговорноста за нападот на Божиќ.

,,Ние ќе го затвориме затворот Гвантанамо, кој им нанесе штети на нашите национални безбедносни интереси и стана средство за регрутирање во Ал Каеда.,,

Всушност, како што рече, токму постоењето на Гвантанамо било причината за формирање на Ал Каеда на Арапскиот полуостров.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG