Достапни линкови

Спорот за името на домашен терен?


Од последната средба меѓу Груевски и Папандреу во Преспа

Од последната средба меѓу Груевски и Папандреу во Преспа

Според домашните аналитичари, наредните шест месеци кои Македонија ги доби како ,,грејс период" за решавање на спорот за името, повторно ќе го врати ова прашање на домашен терен и ќе стане повторна цел за меѓупартиски препукувања. Ќе доведе ли ова до оддалечување од потребата за постигнување неопходен консензус за името и политичка нестабилност?

По се изгледа темата спорот за името во наредниве месеци ќе се префрли на домашен терен. Крајот на годината што ја оставивме зад нас особено периодот по 7 декември кога одредувањето датум за преговори со Унијата беше одложено за уште едно навраќање во текот на наредните шест месеци, навести токму ваква разврска на домашната партиска и полиитчка сцена.
Владата доби некој грејс период од шест месеци, но во секој случај за жал почетокот на тие шест месеци за жал се користи повеќе за внатрешно политички потреби, отколку за интензивирање на процесот на преговори


,,Владата доби некој грејс период од шест месеци, но во секој случај за жал почетокот на тие шест месеци за жал се користи повеќе за внатрешно политички потреби, отколку за интензивирање на процесот на преговори."

изјави аналитичарот Алберт Муслиу. Дали ваквиот развој на настаните ќе доведе и до оддаллечување од неопходниот консензус за името како и до политичка нестабилност ќе зависи од тоа во колкава мера партиите ќе впуштат во авантурата преку која во моментов најгорливото прашање ќе го употребат за зацврстување на сопствениот рејтинг и партиско позиционирање ќе покажат најверојатно веќе првите месеци од годинава. Ова внатрепартиско раскусурување може да се одвива на релација власт опозиција но и во односите меѓу колаиционите партнери во владата, вели Муслиу. ДУИ веќе најави дека ќе инсистира на подобрување на позицијата на Владата а ќе продолжи да притиска за решавање на прашањето за името пред се поради подобрувањето на рејтингот кај подразочараниот електорат.

,,Тука ќе може да се види дали ќе настане нешто страшно во Македонија, во смисла на пад на владата и нови избори, значи ако тие односи дојдат до лошо ниво и се нарушат до таа мерка што мора да се распадне коалицијата, тогаш ќе имаме бурна политичка пролет и лето."

Изјави политикологот Жидас Даскаловски. Единствените надежи на експертите се однесуваат на тоа сите овие превирања нема да доведат до вжештување на меѓуетничките тензии. Од друга страна односите се вжештуваат и на страната на опозицијата. ЛДП отворено
Тука ќе може да се види дали ќе настане нешто страшно во Македонија, во смисла на пад на владата и нови избори, значи ако тие односи дојдат до лошо ниво и се нарушат до таа мерка што мора да се распадне коалицијата, тогаш ќе имаме бурна политичка пролет и лето
ги насочи своите настапи против СДСМ откако сегашниот градоначалник Стевче Јакимосвки и поранешниот Аце Коцевски ја напуштија партијата и премнинаа во СДСМ. Истовремено, најголемата опозициона партија најави дека во наредните шест месеци нема да коментира ништо околу прашањето за името за како штопојасни да не ги подгрева сомнежите на премиерот дека се сојузници на Грција, а од друга страна бара и одлуките да ги носи тој којшто ја има власта во државата, премиерот и владата.

,,Па во секој случај СДСМ сега е во прилика да ја материјализира својата опозициска положба. СДСМ ќе оди со некоја поумерена политика, но ќе инсистира ВМРО ДПМНЕ да ја преземе одговорноста и да преземе активности за да се реши прашањето, и нормално нели да внимава на својот партиски рејтинг и консолидрање на своите редови."

Вели Муслиу. Партиите и натаму ќе инсистираат на тоа дека владејачката партија треба да донесе одлука во врска со разрешувањето на прашањето за името. Што се однесува до владејачката партија – таа и понатаму ќе се наоѓа пред огромниот предизвик да понуди решавање проблемот што секако ќе значи помалку или повеќе оддалечување од презиборните ветувања и пад на рејтингот или да не го реши проблемот и со тоа да отвори можност за политичка, економска или социјална нестабилност, велат експертите. Нови изнбори по се изгледа не му се никому од корист и нема да донесат бенефит, коментираат експертите, но со ваква поставеност на работите нема да дојдеме ниту до неопхопдниот консензус којшто би можел да ги подобри македонксите позиции во преговорите со Грција.
XS
SM
MD
LG