Достапни линкови

Нема транспарентност при јавните набавки


Според извештајот на Центарот за граѓански комуникации една третина од мониторираните постапки за јавни набавки во последниве три месеци немале завршница. Набљудувањето на Центарот покажале дека 40 проценти од државните интитуции не ја почитувале законската обврска за транспарентност на јавните набавки.

Корумпираност, договори во четири очи, нестручно подготвена документација, процедури што траат по неколку месеци, превисоки банкарски гаранции, како и широк простор за манипулирање со критериумите, се причини поради кои повеќето тендери во државава пропаѓаат велат експертите. Според извештајот на Центарот за граѓански комуникации една третина од мониторираните постапки за јавни набавки во последниве 3 месеци немале завршница. Набљудувањето покажало дека конкурентите на тендерите чекаат и до 4 месеци
Потребно е во законот да се направат некакви измени со кои ќе се овозможи санкционирање на случаите на неколку кратно поништување, или засилување на надзорот на инспекцијата во оние институции каде што очигледно е дека еден ист тендер неколку пати се поништува
да се донесе одлука која е најповолна понуда. Во извештајот се вели дека бројот на жалби од фирми е зголемен во последниве 6 месеци, а тоа значи дека се кршат законите или поточно кажано се прават грешки во постапките. Програмскиот директор на центарот за граѓански комуникации Сабина Факиќ вели дека високиот процент на поништување на тендерите создава сомнеж во деловната заедница.

,,Потребно е во законот да се направат некакви измени со кои ќе се овозможи санкционирање на случаите на неколку кратно поништување, или засилување на надзорот на инспекцијата во оние институции каде што очигледно е дека еден ист тендер неколку пати се поништува и отвара сомнежи за некакви сомнителни активности кои што се случуваат во рамките на тој тендер."

Анализите на центарот покажале дека 40 проценти од државните интитуции не ја почитувале законската обврска за транспарентност на јавните набавки. Министертвото за труд и социјална политика, за локална самоуправа, за земјоделство и Секретеријатот за европски прашања воопшто не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавни набавки до надлежното биро. Антикорупционерот Вања Михајлова вели дека мора да се има политичка волја за почитување на законите.

,,И навистина без постоење на вистинска политичка воља дека ние навистина сакаме јавните набавки да ги остварат оние основни принципи на ефикасност, законитост, рационалност и трансперентност мислам дека и најсоврешен закон нема многу да ни помогне."

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека постојано се распишуваат нови тендери затоа што Македонија нема капацитет да ги реализа крупните капитални инвестиции.
Луѓето после такви пропаѓања на неколку тендери, секако нема да се пријават, сите тие претпријатија да учествуваат на тие тендери


,,Нема воопшто оваа наша администрација такви профили, кадри и нема сила да ги плати, да не зборуваме за влијанието на партизацијата кадешто се вработуваат во партиски клучеви. Тоа како држава не чини повеќе пари."

Професорката Марија Зарензакова Потевска вели дека честото пропаѓање на тендерите допринесува за бркање на странските инвеститори.

,,Луѓето после такви пропаѓања на неколку тендери, секако нема да се пријават, сите тие претпријатија да учествуваат на тие тендери. Во секој случај тоа е негативен одраз на целокупната состојба во земјата."

За да се спречи поништувањето на тендерите Потевска предлага да се почитуваат постапките и условите и да се заборават личните и партиските интереси за да се содаде подобар имиџ на државата.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG