Достапни линкови

Во Дагестан загинаа 5, а се ранети 10 полицајци


Во руската република Дагестан во напад на бомбаш-самоубиец денеска загинаа најмалку пет, а беа повредени над 10 полицајци. Руски медиуми известија дека бомбаш-самоубиец активирал експлозив натоварен на неговиот автомобил кога возилото било блокирано од полицијата на периферијата на главниот град Махачкала.
Во текот на изминатата година во руските републики на Северен Кавказ републики имаше многу напади од кои повекето беа насочени кон полицијата. Според посматрачите, причина за насилството е сиромаштијата, радикалниот исламизам, и суровоста на агенциите за спроведување на законот.
XS
SM
MD
LG