Достапни линкови

Груевски ја завршува посетата на Израел


Со средба со Ципи Ливни, лидерката на најголемата израелска опозициска партија Кадима, македонскиот премиер Никола Груевски денеска ја завршува тридневната официјална посета на Израел во рамките на која оствари средби со израелскиот државен врв.Вчера во Ерусалим претседателот на Владата на Република Македонија се сретна со израелскиот претседател Шимон Перес и со премиерот Бенјамин Нетанјаху, и заменик-премиерот и министер за надворешни работи Авигдор Либерман.
Либерман, како што јави Асошиетед прес, изјавил дека следната дестинација на екстремистичките групи како Ал Кадеа ќе биде Балканот а за тие сознаниа го известил Премирот Никола Груевски. Како доказ Либерман го опишал патот на парите на муслиманските водечки добротворни организации до Балканот.
XS
SM
MD
LG