Достапни линкови

Српскиот Претседател за Божиќ на Косово


Српскиот претседател Борис Тадиќ за време на православните божиќни празници ќе го посети Косово. Заменик премиерот Раме Манај за Слободна Европа изјави дека Владата на Косово добила барање за посета преку Европската Унија и решила тоа да го дозволи под услов Тадиќ не ја "злоупотреба неговата посета за политички говори". Српскиот претседател ке присуствува на молитва во Манастирот во Високи Дечани. Ова е втора посета на Тадиќ откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година - потег кој Србија не го признава.
XS
SM
MD
LG