Достапни линкови

logo-print

Почина човекот кој ги преживеа двете атомски бомби


Тсутому Јамагучи, човекот кој ги преживеа двете експлозии на атомски бомби кон крајот на Втората светска војна, почина на 93 годишна возраст. Јамагучи бил на службено патување во Хирошима во Август 1945 година. Тој се наоѓал на три километри од епицентарот на атомската бомба за време на експлозијата. Поради тешките повреди, Јамагучи бил качен на воз и испратен на лекување во Нагасаки, каде што на деветти август истата година била детонирана втората атомска бомба.
XS
SM
MD
LG