Достапни линкови

logo-print

Обама: Американските тајни служби не ги сврзале информациите


Американските тајни служби ги имале сите потребни информации и можеле да го спречат нападот на американски авион на Божиќ, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама. Според него, службите не успеале да ги сврзат информациите и да ја сфатат сериозноста на ситуацијата. На повеќе аеродроми низ светот се заоструваат безбедносните мерки откако на дваесет и петти декември еден маж, за кого се верува дека бил поврзан со Ал-Каеда, внесе бомба на американски авион на аеродромот во Амстердам.
XS
SM
MD
LG