Достапни линкови

Иранските власти ги предупредуваат опозициските демонстранти


Иранските власти ги предупредија опозициските активисти дека ќе се соочат со ризик да бидат убиени, доколку продолжат со анти-владини демонстрации во земјата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека секој што ќе земе учество во нередите ќе се смета за мохареб, што значи дека ќе води војна против господ и против националната безбедност. Според иранскиот исламски закон “непријателите на господ” треба да бидат погубени. Министерството за надворешни рабори соопшти дека странските и иранските државјани кои беа уапсени за време на протестите во минатиот месец ќе бидат казнети.
XS
SM
MD
LG