Достапни линкови

Груевски се сретна со Перез во Ерусалим


Израел и Македонија се пријателски земји, кои имаат одлична соработка, соопштија израелскиот претседател Шимон Перез и македонскиот премиер Никола Груевски на денешната средба во Ерусалим. Перез посочи дека сака да соработува со Македонија на научна и технолошка база и според него земјата направила добро што се свртела кон европска иднина и на Европа ќе и биде мило да ја види Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG