Достапни линкови

Осудениот азербеџански новинар се соочува со нови обвинувања


Азербеџанскиот новинар Ајнула Футулаев кој е осуден на 8 ипол години затвор за тероризам е обвинет и за поседување на дрога, откако хероин бил пронајден во неговата ќелија, соопшти неговиот адвокат. Новите обвинувања се по одлуката на Европскиот суд за човекови права да го истражи неговиот случај. Футулаев соопшти дека дрогата му била подметната. Њујоршкиот комитет за заштита на новинарите ги повика азербеџанските власти да ги отфрлат обвинувањата против Футулаев, кој во 2009 година ја доби меѓународната награда за слобода на новинарството.
XS
SM
MD
LG