Достапни линкови

Иран со совети до француските лидери


Иран денеска им порача на француските лидери да се занимаваат со внатрешните работи на Франција, а не со проблемите на други земји. Портпарол на иранското министерство за надворешни работи изјави дека французите премногу се занимаваат со проблемите на другите, па забораваат да ги решаваат домашните. Француската влада во повеќе наврати ги критикуваше иранските власти за репресијата врз приврзаниците на опозицијата.
XS
SM
MD
LG