Достапни линкови

САД и Кина сметаат дека сеуште може да се преговара со Иран


Кина денеска повика на продолжување на дијалогот за надминување на кризата со иранската нуклеарна програма, оценувајки дека сеуште има простор за дипломатијата. Ваквата реакција на кинеското министерство за надворешни работи доаѓа по изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон дека Соединетите Држави и натаму се подготвени за преговори со Иран, но оти Вашингтон ги започнал и разговорите со сојузниците за можни нови санкции против Техеран. Наша цел е да извршиме притисок врз иранската влада, односно врз Револуционерната Гарда а притоа да не страдаат обичните иранци кои заслужуваат подобри услови за живот, изјави Клинтон.
XS
SM
MD
LG