Достапни линкови

Амбасадата на САД во Јемен повторно отворена


Американската амбасада во Јемен денеска повторно е отворена откако два дена не работеше поради закана од терористички напад. Според соопштението од амбасадата, јеменските безбедносни сили спровеле успешни анти-терористички операции, северно од главниот град Сана, по што било овозможено повторно отворање на амбасадата. Претходно, медиумите во Јемен јавија дека безбедносните сили убиле двајца припадници на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG