Достапни линкови

Средби на премиерот Груевски со израелскиот државен врв


Претседателот на владата на РМ Никола Груевски, кој од вчера престојува во тридневна посета на Израел, денеска ќе се сретне со претседателот на Израел Шимон Перес, министерот за надворешни работи Авигдор Либерман и со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Груевски вчера заедно со вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, во Тел Авив ги претстави можностите за инвестирање во Македонија, а утре ќе има средба со Ципи Ливни, лидерот на главната опозициска израелска партија Ликуд.
XS
SM
MD
LG