Достапни линкови

Санадер го прифаќа исклучувањето од ХДЗ


Поранешниот хрватски премиер и почесен претседател на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Иво Санадер синоќа изјави дека ја прифаќа одлуката на претседателството на партијата, која вчера попладне го исклучи од членство во ХДЗ. По седницата на претседателството на партијата, претседателката на ХДЗ и актуелна хрватска премиерка Јадранка Косор ијзави дека поради непоправлива штета и кршење на Статутот на партијата, Санадер е избришан од членството во ХДЗ. Таа наведе дека претседателството на ХДЗ одлучи да го избрише од членство досегашниот почесен претседател на партијата Иво Санадер по неговиот вчерашен истап и најави за враќање во политиката. Претседателот на Хрватска Стипе Месиќ изјави дека исклучувањето на поранешниот премиер Санадер од партијата е логичен потег и оти не е време за вонредни парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG