Достапни линкови

logo-print

Во Романија се гради црква од мраз


Во Романија денеска започна изградбата на црква од мраз, висока пет метри, а широка околу десет квадратни метри. Таа ќе биде изградена до леден хотел на над 2000 метри надморска височина во месноста Блаја во реонот Сибиу. Во Балја порано имало такви цркви, но изградбата на новата црква доценела поради топлото време. Во неа ќе може да се извршуваат венчавки и крштевања.

XS
SM
MD
LG