Достапни линкови

,,Микросам“ произведе софистицирана машина


Прилеп
Прилеп

Менаџерскиот тим на прилепски Микросам, произведе уникатна и врвна „МЦ-10„ машина за обработка и нанесување превлаки за композитни материјали. Машината е наменета исклучиво за извоз, за светски реномирани компании.

Менаџерскиот тим на прилепски Микросам уште еднаш ја донесе компанијата на врвот на светската технологија, произведе уникатна и врвна „МЦ-10„ машина за обработка и нанесување превлаки за композитни материјали. Машината извршува различни производствени операции за изработка на ролери кои што се користат во индустријата за производство на хартија, фолии и филмови, во текстилната и другите индустрии во светот. Според тоа, оваа машина е наменета исклучиво за извоз и се произведува само по порачка за потребите
Оваа машина е последната во една голема линија која „Микросам„ ја испорачува за еден од најголемите производители на ролери во светот
на светски реномирани компании кои користат машини со дигитално компјутерско управување, со современи софтвери. Со ова за прв пат воведено современо софтверско решение за управување „Микросам„ стана лидер на светската технологија.

,,Оваа машина е последната во една голема линија која „Микросам„ ја испорачува за еден од најголемите производители на ролери во светот. И за истакнување е што истата таа машина ја изработивме, ја дизајниравме и комплетно производно ја изведовме за само шест месеци.“

Вели Димитар Богданоски, менаџерот на „Микросам„. Интересен е фактот што компанијата со своите иновативни решенија, а за иста понудена цена, успеа да ја добие конкурентската битка со други светски компании. Сега за потребите на германски партнер ќе се испорача машината.

,,Сложеното софтверско управување кое го направивме кај оваа машина и претставува комплетно иновативно решение на „Микросам“.
Сложеното софтверско управување кое го направивме кај оваа машина и претставува комплетно иновативно решение на „Микросам“
Ваков тип на софтверско управување во моментов имаат само неколку земји во светот, како што се: Америка, Германија и Јапонија.“

додава Богданоски. А дизајнерот на машината, младиот инженер Билјана Костадиноска подвлекува дека при изработка се применети најсовремените процеси во управувањето.

,,Претставува врв во светот во контролата на ЦНЦ машините како и со примената на најновите иновативни, конструктивни решенија при конструирањето и дизајнирањето на машината, со сигурност навистина можеме да кажеме дека оваа машина претставува уникатна, современа, високо прецизна ЦНЦ машина за обработка.“
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG