Достапни линкови

Ирачките власти ќе поднесат тужба против Блеквотер


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики соопшти денеска дека земјата ќе поднесе тужба во американски суд, против приватната компанија за обезбедување Блеквотер за убиството на група ирачки државјани во семптември во 2007 година. Минатата недела американскиот суд ги отфрли обвиненијата, против 5 чувари на Блеквотер за убиството на 14 цивили во Ирак. Компанијата Блеквотер го напушти Ирак во мај, откако САД не го продолжија нивниот договор.
XS
SM
MD
LG