Достапни линкови

Иранските професори бараат да запре насилството врз опозицијата


Еден ирански прореформистички веб сајт објави дека 88 универзитетски професори побарале од лидерот на земјата да го запре насилството, против опозициските демонстранти. Во писмото до Ајатолах Али Каменеи кое вчера беше постирано на сајтот Гринроуд професорите бараат да престанат апсењата. Најмалку 8 луѓе во минатиот месец го загубија животот за време на протестите, меѓу кои и внукот на опозицискиот лидер Мир Хосеин Моусави.
XS
SM
MD
LG