Достапни линкови

Средба Ахмадинеџад-Рамон во Таџикистан


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ќе се сретне со неговиот таџикистански колега Емомали Рамон во Душанбе. Министерството за надворешни работи на Таџикистан соопшти дека тие ќе разговараат за безбедноста и за инвестицијата на Иран од 200 милиони долари за изградба на хидроелектрана во Таџикистан. Ахмадинеџад утре ќе отпатува во Туркменистан каде ќе се сретне со претседателот Гурбангули Бердимухамедов за да го отворат гасоводот меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG