Достапни линкови

Името во мирување?


Средба на премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу во Преспа
Средба на премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу во Преспа

Домашните аналитичари не очекуваат ништо ново во однос на прашањето за името, во наредните шест месеци под шпанското претседателство со ЕУ. Според нив Шпанија има други приоритети, како односите со Латинска Америка, Медитеранската Унија, енергетската безбедност, па дури потоа Балканот.

Во наредните шест месеци претседателствувањето со ЕУ е во рацете на Шпанија, што е воедно и период во кој уште еднаш ќе биде отворено прашањето дали Македонија може да добие датум за преговори со Унијата. Ваквата одлука во рамките на ЕУ нема да биде донесена пред да се проверат резултатите од преговорите околу спорот за името со соседна Грција околу што беше особено ангажиран претходниот претседавач Шведска. Шпанија најави дека проширувањето ќе биде еден од нејзините приоритети, но нејзините внатрешни проблеми, имплементацијата на Лисабонскиот договор и особено економијата сепак изгледаат како прашања со кои ќе има поголем интерес да се занимава:
Шпанија како медитеранска земја, заинтересирана е за тие односи во онаа Медитеранска Унија што Саркози помпезно ја промовираше минатата година. Шпанија има интерес за односи со Латинска Америка, за расправа во енергетската безбедност и дури на четврто место шпанското претседателство има интерес за проширување на ЕУ со Балканот


,,Шпанија како медитеранска земја, заинтересирана е за тие односи во онаа Медитеранска Унија што Саркози помпезно ја промовираше минатата година. Шпанија има интерес за односи со Латинска Америка, за расправа во енергетската безбедност и дури на четврто место шпанското претседателство има интерес за проширување на ЕУ со Балканот.“

Изјави аналитичарот Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики. Медијаторот Метју Нимиц не најавува нови средби со двете страни. Од друга страна и смената на власта во Грција не нуди причини за поголем оптимизам. Поголема стана единствено отвореноста за директни контакти коишто најверојатно ќе продолжат и во наредниот период, велат аналитичарите, но засега резултатот од нив е само зацврстување на веќе дијаметрално спротивставените ставови. Оттука аналитичарите за сосема реална ја најавуваат можноста во наредните шест месеци да не се случи ништо во врска со прашањето за името, а со тоа и со македонските евроинтеграции.

,,Освен ако Македонија сама не покрене некоја дипломатска иницијатива, да обзнани сама некоја своја позиција јавно и да ја брани, како што тоа Грција го прави или ако Македонија не покрене постапка во Генералното Собрание на ОН или пред Меѓународниот суд на правдата, за приемот на Македонија под референцата БЈРМ и условно да преговара, тогаш ништо нема да се случи драматично.“

,,Јавноста не се подготвува за реално и можно решение, тоа е индикатор дека власта не презема нешто важно во тој правец.“

Изјавија аналитичарите Мерсел Биљали и Жидас Даскаловски. Според прогнозите на експертите и според поставеноста на работите, по се изгледа и наредните шест месеци ќе ги дочекаме на истите позиции каде што и за станавме минатат година . Единствено, однесувањето на политичките елити во земјава според експертите говори за тоа дека приказната ќе се префрли на неизвесното внатрешнополитичко поле каде што пршањето уште поинтензивно ќе се користи за препукувања на релација власт опоцизија и на релација коалициони партнери во Владата што може да лесно да прерасне во фаза на политичка нестабилност наместо неопходниот консензус за името којшто се бара на ниво на политичките партии.
XS
SM
MD
LG