Достапни линкови

Папандреу за обострано прифатливо решение за името


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави дека Грција сака дефинитивно решавање на прашањето за името. ,,Преземавме многу важен чекор, истакнувајќи дека ќе го прифатиме името Македонија со географска одредница. Очекуваме нашиот сосед да направи слично и да се најде со нас на половина пат, изјави Папандреу во интервју за Вечерње новости дадено пред неговата денешна посета на Белград. Тој притоа оценува дека или ќе се најде обострано прифатливо решение или, како што вели, ,,ќе продолжиме да го обновуваме проблемот заземајќи екстремни ставови и правејќи ја националистичката реторика наша секојдневна политичка храна.,,
XS
SM
MD
LG