Достапни линкови

Амбасадите на САД и Британија во Јемен и натаму затворени


Амбасадите на Соединетите држави и на Британија во Јемен и денеска се затворени поради безбедносни причини. Вчера Џон Бренан, советник на американскиот претседател Барак Обама за борба против тероризмот, изјави дека постоеле индикации оти Ал Каеда планирала напади во Јемен. Претходно, Обама го обвини огранокот на оваа терористичка мрежа во Јемен дека го обучувала нигериецот кој за време на Божиќните празници се обиде да изврши напад во еден американски авион.
XS
SM
MD
LG