Достапни линкови

Зголемен контрола за влез во Америка


Американската влада објави дека од денеска ќе спроведува затегнати безбедносни мерки за патниците кои ќе допатуваат во Америка . Ова особено се однесува на земјите за кои Соединетите држави сметаат дека се подржувачи на тероризмот. До ваква одлука за зголемена безбедост, американската администрацја дошла по неодамнешниот обидот на Божиќ да се подметне бомба во американки авион кој требаше да пристигне во Детроит од Амстердам. Засилена безбедонсна контрола која вклучува специјално скенирање на патниците и нивниот багаж ќе се применува за луѓето кои во Америка пристигнуваат од Куба, Иран, Судан и Сирија. Извештаите велат дека патниците од Авганистан, Алжир, Ирак, Либан, Либија, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија, Сомалија и Јемен исто така, ќе се соочуваат со зголемена контрола.

XS
SM
MD
LG