Достапни линкови

logo-print

Средба Абас -Мубарак во Египет


Палестинскиот претседател Махмуд Абас во Египет имал средба со египетскиот шеф на разузнавање Омар Сулејман . Целта на разговорите била обновување на мировните преговори со Израел. Денеска Абас ќе има средби со египетскиот претседател Хосни Мубарак, а потоа ќе отпатува на турнеја во Катар, Кувајт и Турција. Египетскиот претседател пред една недела имаше средба со израелскиот премер Бенјамин Нетенјаху во Каиро. Американскиот претседател Барак Обама ги повика двете страни да ги продолжат мировните разговори. Но палестинците бараат Израел да ги прекине активностите со изградбата на населбите во Ерусалим и да се држи на преговорите.
XS
SM
MD
LG