Достапни линкови

Во Пакистан ќе им се суди на 5 американци


На пет американци денеска треба да им се суди во еден суд во Пакистан. Тие се обвинети дека планирале терористички напади. Од пакистанската полиција претходно изјавија дека тие планираат да бараат доживотен затвор за обвинетите кои се на возраст помеѓу 19 и 25 години. Петте мажи беа уапсени во декември под сомение дека сакаат да извrршат терористички напади на цели во Пакистан. Обвинетите исто така биле испрашувани и од агенти на ФБИ и од Сојузното биро за истраги.
XS
SM
MD
LG