Достапни линкови

Исламистичка бунтовничка група одговорна за нападите во Ирак


Една исламистичка бунтовничка група ја презема одговорноста за бомбашките напади во Ирак минатиот месец во кои животот го загубија 24 луѓе, а неколку беа повредени, меѓу кои и градоначалникот на една покраина. Групата која се нарекува Исламска држaва во Ирак соопшти дека таа ги организирала нападите на 30 декември во Рамади, кој се наоѓа на 70 километри од Багдад и дека е поврзана со Ал Каеда во земјата. Групата претходно ја презеде и одговорноста за бомбашките напади во Багдад на 8 декември во кои загинаа 128 луѓе.

XS
SM
MD
LG