Достапни линкови

27 исчезнати во бродска несреќа во Индија


Најмалку 27 лица исчезнаа откако еден брод кој имал повеќе патници од дозволеното потонал во една река во индиска земја Западен Бенгал, соопшти полицијата. На бродот имало 38 патници и тој се превртил во средината на реката Рунараџан. Еден рибар успеал да спаси 9 мажи и 2 деца по инцидентот. Другите 27 ги повлекла силната струја на реката.

XS
SM
MD
LG