Достапни линкови

Русија и Белорусија ги продолжија преговорите за набавка на нафта


Русија и Белорусија повторно ги започнаа преговорите за снабдувањето на нафта, откако не успеаа на новогодишната вечер да се договорат за новите услови во 2010. Според руското министерство за енергетика досега разговорите немале никаков напредок. Белоруските власти соопштија дека нивната делегација во Москва била под силен притисок, кој според нив е неприфатлив. Руските официјални лица ветија дека преговорите нема да имаат ефект врз снабдувањето на нафта на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG