Достапни линкови

Уапсен шефот на најголемиот нарко картел во Мексико


Мексиканските власти соопштија дека го уапсиле Карлос Белтран Леива, кој е шеф на најголемиот нарко картел во земјата. Во престрелка со мексиканските војници пред две недели беше убиен неговиот брат Артуро Белтран Леива, а неговото убиство беше опишано како победа на земјата во борбата против трговијата со дрога. Нарко картелот на Леива е еден од главните играчи во крвавите пресметки меѓу картелите кои се обидуваат да ја преземат контролата врз пазарот на трговија со дрога во САД.
XS
SM
MD
LG