Достапни линкови

Американските војници ќе го напуштат Ирак во август


Американскиот генерал Реј Одиерно соопшти дека иако изборите во Ирак ќе се одложат два месеци тоа нема да ги спречи американските војници да ја напуштат земјата до крајот на август оваа година. Изборите во Ирак требаше да се одржат месецов, но изборниот законик сеуште не е изгласан, поради политички спорови и гласањето е одложено за 7 март. Според Одиерно ако Ирак е стабилен до мај, американските војници ќе почнат да се повлекуваат од земјата.
XS
SM
MD
LG